Тажна е глетката, да се гледа главната улица на Битола, Широк Сокак, празна, без луѓе со еден или двајца минувачи кои брзаат на работа, со неколку кучиња и десетици птици кои слободно се “шетаат“.
Но, такви се времињата, кои како најголем број на жителите на планетата, мора да ги поминат и битолчани во изолација, кога полицискиот час трае повеќе од половина ден, од 16 часот попладне до 5 часот наутро.
На улицата, која не е навикната да биде тивка и кога е -30 степени, или на лето на пладне кога доаѓа до +40 на сонце, во понеделник или недела, во делник или празник, во есен или пролет, секогаш има битолчани.
Битолчани кои не можат да не прошетаат утрински околу 7-8 часот или навечен после 20 часот со редовната прошетка до Тумбекаге, околу пладне да испијат кафе, денес попладнево пред ноќта да дојде над Битола, ги немаше.
На улицата неместо џагорот на минуваличите, наместо гласната музика на кафулината, наместо псовките кон децата кои поминуваат со велосипеди, наместо плачот на дечињата, наместо гласот на оние кои потаа по масите, се слушаат само неколку гласови во тишината, која тешко се слуша, на лицата кои се сместени во карантин на Широк Сокак, и гледаат низ прозорците во празната улица.