Истиот ден кога Џеф Безос објави дека го напушта местото прв човек на Амазон, компанијата го претстави новиот голем проект.
Во округот Арлингон, Вирџинија, компанијата Амазон планира до карјот на 2025 година да го изгради своето ново прекрасно седиште, вредно 2, 5 милијарди долари.
Проектот Хеликс, на архитектонското студио НББЈ, опфаќа изградба на парк со пазар на отворено, каде што локалните земјоделци ќе ги продаваат своите органски производи. Самата зграда ќе биде висока 22 ката, или 105 метри, и ќе биде во форма на спирала.
Зградата се планира да се пошуми на рабовите на спиралата, а внатре ќе има неколку засебни затворени тематски градини. Целиот проект ќе биде изграден на површина од 2,5 хектари. Паркот исто така ќе содржи уметнички инсталации, како и еден амфитеатар и нема да биде наменет исклучиво за употреба на вработените во компанијата, бидејќи целата негова содржина ќе биде отворена за јавноста за време на викендите, пренесува CNBC.
Целиот комплекс ќе добие електрична енергија од соларна централа оддалечена околу 400 километри.
Амазон доби стимулации од државата Вирџинија за користење на избраното земјиште, што не беше случај со претходниот избор на локација во близина на Њујорк. Компанијата сепак ќе има седиште во Сиетл, па засега ја нарекува новата зграда „второ седиште“.