Магазин 26. јули 2020. / 18:30

(ФОТО) Запознајте ја Гли, мачката која живее во Аја Софија речиси 16 години

(ФОТО) Запознајте ја Гли, мачката која живее во Аја Софија речиси 16 години

Аја Софија, позната зграда во Истанбул, имала многу цели во текот на својата долга историја. Сепак, без оглед за што се користи, едно е сигурно – за мачката Гли, секогаш ќе биде дом.

Мачката Гли има свој профил на Инстаграм, управуван од Умут Бечиќ, поранешен туристички водич од времето кога Аја Софија беше музеј.

„Сум видела повеќе од 20 држави и многу убави градови. Сепак, верувам дека Истанбул е крал на сите градови, а Аја Софија е нејзина круна“, вели Умут.

Истанбул инаку е препознатлив по мачките-скитници, а за нив се направени многу документарни филмови.

“Нормално е да се гледаат мачки и околу Аја Софија и внатре. Сепак, Гли е нешто посебно. Начинот на кој таа позира и шета, начинот на кој таа се однесува, е сосема различен од другите мачки, дури и од нејзината сестра Кизим”, вели Умут.

Таа исто така смета дека името совршено ја опишува оваа мачка, бидејќи Гли значи „обединување на љубовта“.

Во моментов, нема планови Гли да се преселина друго место, а целиот персонал на Аја Софија ја прифатил како член на семејството.