Магазин 15. јануари 2021. / 21:11

(ФОТО+ВИДЕО) Хирург споредил бели дробови после Ковид со оние на пушач

(ФОТО+ВИДЕО) Хирург споредил бели дробови после Ковид со оние на пушач

Д-р Британи Банкхед Кендал, британски хирург, тврди дека белите дробови на лицето кое имало ковид изгледаат полошо од белите дробови на многу пушачи. Таа е исто така професор на Универзитетот во Тексас, но лекува луѓе од почетокот на пандемијата.

Д-р Банкхед Кендал објавила три рендгенски снимки на бели дробови: една од здрав пациент, една од пушач и една од пациент со Ковид-19.

Таа рекла дека рентгенските зраци на белите дробови на пушачот биле малку заматени, но белите дробови на пациентите со коронавирус биле скоро целосно бели – тие покажуваат интензивни лузни и недостаток на воздух.

-Јас знам дека никој не сака да го слушне тоа, но белите дробови после ковид изгледаат полошо од сите страшни бели дробови на пушачи што некогаш сме ги виделе. Тие пропаѓаат,се згрутчуваат, а останува отежнато дишење, напиша докторката на „Твитер“.

Ренгенот на здрав пациент покажува голема количина црн простор, што значи дека лицето е во состојба да вдише голема количина на воздух.

 

Но, рентгенот на пушачот покажува бели линии и замагленост, што укажува на воспаление и оштетување на ѕидовите на белите дробови и алвеолите.

Конечно, рентгенот на белите дробови на лицето кое имало Ковид-19 е скоро целосно бело, што обично значи дека белите дробови се полни со течност, бактерии или клетки на имунолошкиот систем. Тоа исто така значи дека пациентот не е во можност да внесе онолку кислород колку што може нормално, со здрави бели дробови.

 

Д-р Кендал рекла дека секој пациент кој покажал симптоми на вирус имал неповолен рендген. Дури и кај оние кои се асимптоматски, меѓу 70. и 80. проценти имаат лошо скенирање на белите дробови, тврди хирургот.