Дунавка Трифуновска на Инстаграм сподели фотографија со новото момче. Станува збор за поранешниот директор на финансова полиција-Ване Цветанов.
Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно.
После мојата вчерашна објава се разбрануваа голем број на луѓе и следеа доста реакции. Повеќе од 95% беа позитивни честитки и посакување среќа.
Изразувам искрена благодарност за убавите честитки и коментари до сите кои што од срце се израдуваа и честитаа преку оваа прекрасна фотографија.
За оние 5% кои што имаат нејаснотии, им посакуваме да си ја пронајдат својата среќа.
Од срце Ви испраќаме гушки и поздрави од Турција!, напиша Цветанов.
Годишниот одмор тие го поминуваат заедно во Турција, а медиумите веќе почнаа да пишуваат за можна свршувачка и прстен.