Новата линија на вина Вирго го потврди својот квалитет со златните медали на меѓународниот саем во Нови Сад, Србија.
Посебен интерес предизвикаа вината „Темјаника“ од бербата 2018, новиот миленик на вљубениците во виното, „Совињон Блан“ исто така од минатата година, една година постарото „Шардоне“, и се разбира фантастичното „Мускат Розе“ од 2018.
Меѓународниот саем кој се одржа минатиот месец во Нови Сад е еден од најпрестижните во регионот и претставува огромен успех за оваа нова линија на вина.