Магазин 17. ноември 2019. / 22:30

(ФОТО) Талин добива футуристичка станица за автобуси, трамваи и возови

(ФОТО) Талин добива футуристичка станица за автобуси, трамваи и возови

Предлогот на  архитектонското биро „Заха Хадид архитектс“ беше усвоен во конкуренција за нова железничка станица во естонскиот главен град Талин.

Станицата Улемиште, која ќе ја гради домашната компанија Есплан, ќе биде дел од железничкиот балтички систем, железничка мрежа долга 870 километри меѓу Полска, Литванија, Латвија и Естонија.

И покрај тоа што не се познати   сите детали за конструкцијата, ZHA наведува дека необичниот дизајн на зградата е дизајниран да го направи што е можно полесно луѓето да се движат по него, бидејќи ќе работи автобуски, трамвајски и железнички линии под истиот покрив.

Покрај сите три начини на превоз ќе поминува  пешачкиот мост, кој ќе ги поврзе и ќе им овозможи на луѓето лесно да преминат.

Крајниот рок за завршување на работите сеуште не е познат, но зградата ќе биде „модуларна“, што значи дека ќе биде изградена во фази за да се минимизира нарушувањето на околниот дел на градот.

Покрај тоа, се наведува дека тоа ќе биде зграда што ги исполнува сите „зелени“ стандарди.

„Ова ќе биде мулти-модален центар за транспорт што поврзува повеќе начини на транспорт“, рече Тави Ас, естонски министер за економија и инфраструктура.

ZHA веќе дизајнираше неколку железнички станици ширум светот, вклучително и една во Неапол и Осло, која треба да започне со изградба следната година.