Емануел Макрон, моментно летува на остров на југот на Франција со неговата сакана сопруга Брижит Макрон.
Претседателот на Франција и 24-години повозрасната Прва дама го искористија слободното време за целосно опуштање, уживање на сонцето и пливање во морето.
Иако се обидоа да се сокријат од љубопитните, не можеа да им побегнат на фотографите кои ги фотографираа на бродот во костими за капење.
Секогаш впечатливата сопруга на првиот човек на Франција не ја пропушти можноста да остави впечаток на плажа, на која успешно успеа да избере елегантeн костим за капење кој е безвременски.
Претседателот не ги тргна очите од сопругата. 67-годишна прва дама и сопругот беа „фатени“ на бродот во костими за капење, веднаш откако првиот човек на Франција беше забележан на џет-ски.
Брижит Макрон е позната по префинетиот вкус и беспрекорниот стил на облекување, па дури и на плажа не ја пропушти можноста да го изрази својот стил и да изгледа најдобро. Сопругата на францускиот претседател избра темно син едноделен костим за капење со минималистички дизајн кој го открива грбот.
Дека претседателската двојка ужива во одморот со полни бели дробови, најдобро е потврдено со фактот дека цело време не ја тргнале насмевката од лицето.
Емануел и Брижит Макрон се запознале кога тој имал 15 години, а таа имала 39 години.