Од заедницата на еко-активисти „Скопје Смок Аларм“ предупредуваат дека аерозагадувањето во Град Скопје од година во година е сè поголемо.
Базирајќи ги своите инофрмации на податоците од мерните станици во Центар, Карпош, Ректорат и Миладиновци, Скопје Смок Аларм, вели дека аерозагадувањето е далеку полошо во 2018 за разлика од 2015.
Просечна годишна концентрација (mg/m3) | ||||||
Миладиновци | Гази Баба | Лисиче | Ректорат | Центар | Карпош | |
2015 | 41.31 | 80.66 | 88.50 | 57.52 | 72.82 | 57.06 |
2016 | 43.18 | 84.18 | 79.44 | 71.15 | 64.15 | 60.63 |
2017 | 52.78 | 73.08 | 75.31 | 81.10 | 56.87 | 63.77 |
2018 | 51.01 | / | / | 72.11 | 53.64 | 54.20 |
Поради ниската покриеност со податоци од мерните места Лисиче и Гази Баба за 2018 година, истите не се земени во предвид.
Број на денови со надмината среднодневна гранична вредност за РМ10 (50 mg/m3)
Миладиновци Гази Баба Лисиче Ректорат Центар Карпош
2015 65 158 162 95 125 105
2016 86 158 160 149 137 132
2017 108 164 144 181 106 130
2018 109 / / 218 108 125
-Просечниот број на денови со надмината среднодневна гранична вредност за PM10 честички (50mg/m3) во Скопје во 2018 е 140 денови и е во континуиран пораст, додека просечната годишна концентрација на ПМ10 честички е релативно стабилна низ годините. Податоците се уште повеќе застрашувачки ако се има во предвид дека недостасуваат вредностите од неисправните мерни станици Лисиче и Гази Баба кои секогаш се највисоки. ЕУ лимитите за аерозагадување се максимум 35 денови во календарска година со надмината среднодневна гранична вредност за PM10 честички (50mg/m3) и максимална, просечна годишна концентрација на ПМ10 честички од 40mg/m3 според ЕУ или уште построги 20mg/m3 според Светската здравствена организација- се вели во нивното соопштение