Познатиот Шон Пен повторно е во брак. 59 годишниот актер се ожени со 28 годишната актерка Лејла Џорџ со кој бил во повеќегодишна врска.
Сопругата на продуцентот Мајк Медавој, Ирена Медавој, вчера на Инстаграм му честиташе на парот: „Пресреќни сме што се венчаа Лејла и Шон. Ве сакаме“.
Шон исто така објави Инстаграм „стори“ на кој се гледа прстенот од неговата нова сопруга.
Парот е во врска од 2016 година. Забележани се оваа недела во Малибу на вечера со синот на Шон, Хопер.
Познатиот актер Шон претходно беше во брак со Робин Рајт и Мадона.