Магазин 23. јуни 2020. / 14:13

(ФОТО) Селма Хајек преубава и без шминка и со побелена коса

(ФОТО) Селма Хајек преубава и без шминка и со побелена коса

Холивудската sвезда Сeлма Хаек, иако е во шестата деценија, важи за една од најатрактивните актерки во светот. Таа не се плаши од стареењето па деновиве одлучи да се покаже во вистинско светло на социјалните мрежи, без разубавување.

Атрактивната актерка позирала со необоена коса, со седи влакна, со што покажала дека и таа може да биде како сиот нормален свет.

Во исчекување на следните снимања, морав да ги средам корените – напиша актерката покрај две фотографии, едната покажувајќи го нејзиниот природен изглед, а другата со свежо обоена коса и беспрекорна шминка.

Актерката неодамна призна дека омилени денови ѝ се кога воопшто не носи шминка, бидејќи тогаш се чувствува свежо.