Руската манекенка Марија Лиман, која привлече внимание на Светското фудбалско првенство во 2018 во Русија, повторно е во центарот на вниманието.
Марија сега бара маж кој би сакал да биде во изолација со неа.
Марија по фудбалското првенство се пресели во Лондон, каде што ја затекна пандемијата на корона вирусот.
Барам симпатичен, сексуален партнер кој не е заразен со корона вирус и кој ќе биде изолиран со мене наредните три месеци за да се забавуваме во карантин – објави таа на Инстаграм каде што ја следат половина милион луѓе.
Во друг пост, таа повика „храбар, згоден човек“ за да ја спаси од пандемијата.
Оваа заспана убавица го чека својот принц во заробеништво. Каде е тој храбар, згоден човек кој ќе го победи вирусот и ќе ме спаси? Побрзајте – напиша Марија.