Магазин 13. февруари 2020. / 10:59

(ФОТО) Пронајдени фосили од желки со големина на автомобил

(ФОТО) Пронајдени фосили од желки со големина на автомобил

Фосили на желки со големина колку автомобил пронајдени се во северниот дел на Латинска Америка.

Се верува дека желката со научно име „ступендемус географикус“ живеела во тој дел од светот пред отприлика 70 милиони години, пред крајот на ерата на диносаурусите и била со должина од 5 метри, пишува Гардијан.

Фосилите се пронајдени во пустината Татакоа во Колумбија и во регионот Урмако во Венецуела.

Првите фосили од оваа желка се пронајдени во 1970-те години, но животните долги пет метри и понатаму се министерија за научниците.

Овие животни се со големина и тежина колку салонски автомобил ги населувале големите мочуришта ширум Јужна Америка пред да се формираат реките Амазон и Ориноко.

Научниците веруваат дека овие џиновски желки живееле на дното од езерата и реките, заедно со џиновски крокодили и се хранеле со мали животни, растенија, овошје и семки.

Нивната големина била клучна во одбраната од останатите предатори, а научниците пронашле и еден фосил во кој бил забоден заб од крокодил.