Магазин 13. декември 2019. / 19:48

(ФОТО) Пролетни температури од наредната недела

(ФОТО) Пролетни температури од наредната недела

Иако се ближиме кон крајот на годината, декемврискиот снег се уште го нема, а наредните недели не очекуваат вистински пролетни температури. Температурите во текот на наредните денови во Македонија ќе се искачат дури до 14 степени.

Во сабота до 13, во недела до 11, а во понеделник ќе имаме сончево време со температурата до 12 степени. Во недела и во понеделник времето треба да биде сончево и без врнежи.