Магазин 06. јули 2020. / 12:57

(ФОТО) Постерите на Скопскиот џез фестивал во новата серија на „Нетфликс“

(ФОТО) Постерите на Скопскиот џез фестивал во новата серија на „Нетфликс“

На фејсбук-страната на Скопскиот џез-фестивал е објавено дека во француско-американската серија “The Eddy”, во режија на оскаровецот Damien Chazelle има и дел од Македонија.

Серијата која почна да се емитува во мај годинава на „Нетфликс“, користи, како дел од сценографијата, дури пет од низата популарни уметнички плакати на Скопскиот џез фестивал. Станува збор за постерите од 1996, 2002, 2007, 2011 и 2012 година.

„The Eddy“ е драма во осум ТВ-епизоди во која главниот лик – сопственик на париски џез-клуб – се вплеткува со опасни криминалци.

И, со нив се бори за да го заштити својот бизнис, бенд и ќерката тинејџерка…