Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, сосема очекувано, се најде во Тимот на колото во Серија А по двата погодоци за триумф на Џенова од 2-1 против Наполи.
Пандев доби највисока оценка со место во идеалниот тим, заедно и со Ибрахимовиќ, Барела, Кјелини, Милинковиќ, Перин…
Македонскиот репрезентативец се најде и во изборот на „Софаскор“ во најдобриот тим. согласно перформансите за настап. Пандев има оценка од 8.8, која е највисока во идеалниот тим од 21. коло во италијанскиот шампионат.