Магазин 14. јули 2020. / 13:34

(ФОТО) Новак Ѓоковиќ на медитација на босанските пирамиди

(ФОТО) Новак Ѓоковиќ на медитација на босанските пирамиди

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ ја посети „пирамидата на Сонцето“, која се издига над босанскиот средновековен град Високо, која е една од главните атракции во мноштвото локации кои се поврзуваат со босанската „долина на пирамидите“.

Ѓоковиќ таму и медитираше. Познато е дека Новак во природата ја пронаоѓа силата и менталниот мир и често пати медитира.

Замислите дека вашиот ум е чисто небо, а вашите мисли се облаци. Облаците констатно минуваат, но тие не се вашиот ум – ако се поврзете веднаш со облаците, вашиот ум ја губи перцепцијата за тоа чисто небо. Важно е да се согледуваат работите од таа перспектива бидејќи тогаш можеш да ги бираш мислите и емоциите со кои сакаш да се поврзеш. Затоа медитацијата е толку важна, рече Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ со неговите родители во понеделникот пристигна во Сараево, а потоа го посети местото Високо, каде беше во обиколка на „босанските пирамиди“.