Магазин 05. јануари 2021. / 17:35

(ФОТО) Мурал посветен на докторите и нивната борба против коронавирусот

(ФОТО) Мурал посветен на докторите и нивната борба против коронавирусот

Младиот уметник од Тетово, Рејан Етеми изработи мурал на влезот во градот во чест на лекарите и медицинските работници. Сликата е нацртана во боја на ѕидовите од подвозникот на самиот влез на Тетово од западната страна кон Скопје.

-Мотивот за овој мурал беше пандемијата со коронавирусот и борбата на докторите. Ова е мој начин да им изразам една поддршка на медицинските лица кои се херои на ова време. Ми беа потребни два дена за изработка на овој мурал, вели Рејан Етеми.

Тетовскиот уметник има дипломирано уметност на Универзитетот во Приштина, каде ги поминал и постдипломските студии.