Периодот од околу три месеци што го минуваме во услови на зголемена изолација поради корона вирусот кај многумина предизвикаа качување на некој килограм повеќе од идеалното, но тоа не е случај со пејачката Аделина Тахири.
Таа на својот „Инстаграм“ позираше само по градник покажувајќи го затегнатото голо стомаче, при што се пофали дека ослабела и два килограми.
Истовремено, Аделина преку социјалните мрежи се пофали дека е подготвена за укинувањето на рестриктивните мерки и информира дека добила нова играчка, односно нов мотор.
Во краток шорц, пејачката позираше седната на моторот истакнувајќи ги своите долги, секси нозе.
Јас ја сакам мојата нова играчка – напиша покрај објавата.