Магазин 13. април 2020. / 21:02

(ФОТО) Меган и Хари ја купиле куќата на Мел Гибсон за 15 милиони долари

(ФОТО) Меган и Хари ја купиле куќата на Мел Гибсон за 15 милиони долари

Британскиот принц Хари (35) и неговата сопруга Меган Маркл (38) за 15 милиони долари ја купиле куќата на славниот актер и режисер Мел Гибсон (64) во Малибу, пренесува „Дејли мејл“. Куќата има пет спални соби и два базени, а парот се распрашувал за неа веднаш откако се преселиле во Ванкувер.

Во сега избришаната објава на Инстаграм, локалната агентка за недвижнини во Лос Анџелес, Андреа Пилот, минатата недела напишала: „Голема вест е дека принцот Хари и Меган го купуваат домот на Мел Гибсон“.

Од компанијата која продава недвижнини не потврдиле дека парот ја купил куќата, но неименуван извор потврдил дека куќата е продадена.

Тоа е многу убава куќа, па можеби тие само отишле да ја погледнат и ја купиле. Тие имаат целосна приватност таму и нема ништо слично на пазарот – рекол изворот.

Хари и Меган во јануари објавија дека се повлекуваат од кралските должности па се преселија во Ванкувер. Тие и официјално отстапија на крајот на март и се преселија од Ванкувер во Лос Анџелес, родниот град на Меган, каде што живее и нејзината мајка Дорија Рагланд (63).