Првите три концерти во 2020 година пијанистот Симон Трпчески ги одржа во Соединетите Американски Држави каде што во регионот на Њу Џерси настапи со „Њу Џерси симфони“ и познатата диригентка Шиан Жан од Кина.
– Имаме одлична соработка и ова беше вистинско продолжување на тоа убаво искуство. Публиката повторно нè награди со овации за изведбите на Концертот број 2 од Лист. Со нова сила и нови надежи во новата декада.Многу ѝ се радувам на серијата рецитали што ќе ги отсвирам во Европа: во Словенија, во Даблин, во „Барбикан Центарот“ во Лондон, потоа во Сан Хуан во Порторико, па во Хјустон, а тука се настапите со оркестри во Шпанија, во Загреб, Цирих, повторно низ Велика Британија, изјави Трпчески за Македонското радио.
Тоа што паѓа во очи, во материјалот дистрибуиран за концертите на пијанистот со Симфонискиот оркестар на Њу Џерси секаде стои Македонија, Македонец, Македонско…
Единствен, неповторлив и пред се Македонец! ❤? @STrpceski pic.twitter.com/I0woRtxERD
— Aна Дукоска #ЈасСумМакедонка?? (@dukoska_ana) January 19, 2020