Цел свет зборуваше за Кристијано Роналдо пред околу еден месец затоа што сите беа импресионирани со скокот на Португалецот од 71 см при погодокот против Сампдорија, но повисоко од него скокна македонскиот капитен Кире Лазаров и тоа не еднаш, туку – двапати.
Лазаров на 10 мај ќе наполни 40 години, но и покрај тоа игра во извондредна форма, па многу помлади колеги може да му позавидат. Дека годините се само бројка покажува и неговиот ефект на ракометното Европско првенство, каде што постигна 19 голови на два меча, а интересно е тоа дека дури двапати скокнал 74 см од земја и тоа двапати, што е навистина неверојатно.