Кралицата Елизабета и посака среќен 39. роденден на војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
Акаунтот на Твитер на кралското семејство испрати роденденска порака до Меган Маркл.
И посакуваме на војвотката од Сасекс среќен роденден.
Честитката е објавена со фотографија на кралицата и Меган, заедно во посета на Честер во 2018 година.
??Wishing The Duchess of Sussex a very happy birthday!
? The Queen and The Duchess are pictured during a joint visit to Chester in 2018. pic.twitter.com/jTv8NmISYo
— The Royal Family (@RoyalFamily) August 4, 2020
Британските медиуми коментираат дека насмеаната заедничка фотографија е знак дека нема зла крв после славниот Мегзит и распадот на Хари и Меган со кралското семејство.
Минатата година Меган беше дел од британското кралско семејство и живееше со Хари и нејзиниот син во замокот Виндзор. Овој пат, го слави својот роденден далеку од британската монархија, заради желбата нејзиното семејство да стане финансиски независно.
Сопругата на принцот Хари ќе го прослави роденденот во Лос Анџелес.