Навивачката група „Комити-Драчево“ се самоорганизираа и денеска донираа новогодишни пакетчиња на Асоцијацијата за правата на децата и младинци со посебни потреби „Ластовица Скопје“, за да бидат поделени на децата од Посебното основно училиште за деца со пречки во психофизичкиот развој „Златан Сремец“.
Навивачите на „Комити Драчево“ беа придружувани од младиот голман Филип Гачевски, капитен на Вардар.
Економски лидер е медиумски покровител на настанот.
„Комити Драчево“ остануваат со целта да помагаат во изградба на една подобра Македонија и едно подобро утре за сите Македонци!