Една од најпознатите топ-модели во светот, Русинката Ирина Шајк, објави фотографии на кои ја претстави најновата колекција на долна облека на италијанскиот бренд „Интимисими“.
Карактеристично за линијата насловена „Свева“ е тоа што градникот и гаќичките се проѕирни, што е дополнителна причина на објавените фотографии Шајк да изгледа провокативно, но и елегантно.