Магазин 31. март 2020. / 14:34

(ФОТО) Ирина Шајк има ново момче: Поранешниот на Хајди Клум што му го растури бракот на Абрамович

(ФОТО) Ирина Шајк има ново момче: Поранешниот на Хајди Клум што му го растури бракот на Абрамович

Руската манекенка и супермодел, Ирина Шајк (34) јавно покажа дека го преболела своето долгогодишно момче, актерот Бредли Купер (45) и сега е во врска со трговецот на уметнички дела, Вито Шнабел (33).

Убавата манекенка е фотографирана со трговецот на уметнички дела во прошетка по Њујорк, иако градоначалникот на градот експлицитно нареди дека поради корона вирусот смеат да излегуваат само оние што мораат.

Новопечениот пар како да не обрнува многу внимание на предупредувањето, па опуштено се шетале, со заштитните маски спуштени од лицето, а потоа отишле во станот на Вито.

Додека оделе до неговиот дом, Ирина цело време разговарала на мобилниот телефон.

Инаку, Вито е познат како згодно момче коешто било со многу познати манекенки и актерки.

Една од неговите поранешни девојки е Хајди Клум, со која што бил во врска од 2014 до 2017 година, беше во врска и со актерката Амбер Херд, како и со убавицата Маделина Генеа.

Според натписите на странските медиуми, Вито ја завел и поранешната сопруга на милијардерот Роман Абрамович, Даша Жукова, додека сѐ уште бил во врска со Хајди Клум во 2017 година.

Ирина и Бредли раскинаа пред 10 месеци, поради наводната афера на актерот со пејачката Леди Гага, а тие имаат и заедничка ќерка Леа (3) над која делат рамноправно старателство.