Поранешен вработен во компанијата Мајкрософт, Мајк Галос објави фотографија на која може да се види како еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс чека во ред за сендвич хамбургер пред една сендвичарница во Сиетл.
–Кога си вреден околу 100.000,000.000 долари ја водиш најголемата хуманитарна организација во историјата на светот и чекаш во ред за бургер помфрит и кока кола во „Dick’s“ како сите ние….Вака се однесуваат богатите луѓе, за разлика од позерот со златна школка во „Белата куќа, напиша Галос под фотографијата која експресно беше споделена 14 000 пати.