Магазин 17. октомври 2019. / 13:27

(ФОТО) Игор Карачиќ се појави на тренинг на Вардар

(ФОТО) Игор Карачиќ се појави на тренинг на Вардар

Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ се врати во Скопје и тој денеска се појави на тренинг на Вардар. Но, бекот на Келце не се враќа во “црвено-црниот” тим, туку дојде во Скопје за да бара асистенција од медицинскиот тим на европскиот првак и да направи детални прегледи во “Систина” и терапија на градниот кош, пишува Спортмедиа.

Тој нема да биде во составот на Келце за дуелот со Мешков Брест во Лигата на шампионите, туку ќе остане тука за да санира повреда – хематом на левата страна од градниот кош добиен од пресилните удари во дуелите со противниците. Исто така шансата ја користи за да ги види и своите екс-соиграчи.