Речиси еден месец балканските медиуми пишуваат дека во бракот на Игор и Северина Којиќ „не цветаат рози“, а таквите информации ги поткрепуваат со тоа што, во еден миг пејачката и синот на Кебе престанале да се следат на социјалните мрежи
По многуте такви стории дека мегапопуларната хрватска пејачка Северина го напуштила сопругот, Игор Којиќ, поради тоа што тој не сакал да го напушти домот на неговите родители,Игор на Инстаграм ги демантира таквите шпекулации.
.
Синот на популарниот пејач Кеба, објави фотографии на кои ја бакнува својата позната сопруга.
Љубов која не се мери со следење и лајкови. Мојот ангел, најубавата душа и најдобрата мајка на светот – напиша Игор под фотографиите.