Многумина од познатите личности од САД се приклучија на протестите против полициската бруталност и против расизмот во земјата. Меѓу ѕвездите кои излегоа на улица, се и холивудските глумци Џејми Фокс, Теса Томпсон, Ник Кенон, пејачката Камила Кабело…
Ние не се плашиме да застанеме во отпорот. Не се плашиме од мигот! – изјави оскаровецот Џејми Фокс во свој говор во Минеаполис.
Ник Кенон на демонстрациите во главниот град на Минесота, излезе со блуза со натпис: „Ве молам, не можам да дишам“ – последните зборови на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кошто пред една недела беше убиен од полицаец, притоа држејќи слика од жртвата.
Камила Кабело и Шон Мендес маршираа во Мајами. Други пак, изразија поддршка на Твитер и Фејсбук.
Глумицата Блејк Лајвли за себе рече дека жали што во минатото, тие како белци, биле недоволно информирани за системскиот расизам и оти направиле многу грешки во таа насока.
Ќе се трудиме да ги подучиме нашите деца различно од тоа како нашите родители нѐ подучуваа нас – изјави Лајвли.
Меѓу познатите кои ги поддржаа протестите се и Риз Видерспун, Аријана Гранде, Кетрин Хајгл, која има посвоено дете од црната раса, како и многу други.