Магазин 10. април 2020. / 11:39

(ФОТО) Хуман гест на американскиот актер: Луѓе плачеле од радост кога тој им ги платил сметките во маркет

(ФОТО) Хуман гест на американскиот актер: Луѓе плачеле од радост кога тој им ги платил сметките во маркет

Американскиот актер, сценарист, режисер и продуцент, Тајлер Пери, ги воодушевил постарите граѓани во еден трговски центар.

Имено, Тајлер ги платил нивните сметки за намирниците.

Погледнете ги тие лица. Можете да ги видите солзите и насмевките преку маските – пишува еден Твитер корисник.

Дојдов рано ра испазарам. Побрзав да земам сè што ми треба. Се израдував кога видов дека има доволно намирници, јајца, брашно… Откако на касата сè ми беше куцнато, продавачката рече дека сè платил Тајлер Пери. Беше 7 часот наутро, уште го немав испиено првото кафе, па мислев дека сонувам – раскажува еден од среќните купувачи.

Добри луѓе има насекаде. Тајлер тоа го докажа низ годините“, „Доказ дека хуманоста уште е жива“, „Прекрасен гест“ – коментираат луѓето на социјалните мрежи.

Инаку, 50-годишниот Пери во 2011 година магазинот „Форбс“ го прогласи за најплатена личност во светот на забавата.

Помеѓу мај 2010 и мај 2011 година, заработи 130 милиони долари.