Магазин 12. декември 2019. / 15:22

(ФОТО)„Газета дело спорт“: Гатузо сериозно ќе смета на Елмас како првотимец во Наполи

(ФОТО)„Газета дело спорт“: Гатузо сериозно ќе смета на Елмас како првотимец во Наполи

Џенаро Гатузо од вчера е нов тренер на Наполи, а легендата на Милан веднаш се фати за работа како би што поскоро тимот од Неапол би излегол од резултатската криза. Тој вчера го одржа првиот тренинг во новиот клуб, а според тиражниот весник „Газета дело спорт“, Гатузо сериозно ќе смета на Елиф Елмас како првотимец.

Македонскиот „бисер“ го загуби првотимскиот статус на последните средби под водство на Карло Анчелоти, но со доаѓањето на Гатузо веќе во саботниот дуел со Парма треба да се очекува Елмас да се најде во стартните единаесет.

Според „Газета“, Бразилецот Алан ќе биде оската во средниот ред на Гатузо, а крај него ќе се наоѓаат Елмас и Фабиан Руиз. Нападот се очекува да го сочинуваат Зиелински, Лозано и Милик, ако се знае дека триотот Калјехон, Мертенс и Инсиње се на излезните врати од „Сан Паоло“.