Еден од најдобрите спринтери на сите времиња, Усеин Болт, во екот на пандемијата на корона вирус во светот на духовит начин преку социјалните мрежи им порача на граѓаните да ги почитуваат препораките за социјална дистанца.
Болт на својот твитер објави фотографија од финалето на трката на 100 метри на Олимписките игри во Пекинг кога го собори светскиот рекорд, завршувајќи ја трката со огромна предност пред останатите тркачи, притоа алудирајќи дека е неопхпдно да се држи растојание меѓу луѓето.
Social Distancing #HappyEaster pic.twitter.com/lDCAsxkOAw
— Usain St. Leo Bolt (@usainbolt) April 13, 2020