Магазин 22. мај 2019. / 11:33

(ФОТО) Чекањето се исплатеше: По 3 години, адвокатот Пешевски му исплати облог на адвокатот Митровски

(ФОТО) Чекањето се исплатеше: По 3 години, адвокатот Пешевски му исплати облог на адвокатот Митровски

Јунешка ребарца во сос, пикантно свинско месо, кајмак, дивеч (диво прасе, срна и див зајак) – ова бил репертоарот на синоќешната „епска“ частовка во една кафеана во соседна Србија, во која двајцата познати скопски адвокати Драган Пешевски и Јанаки Митровски си ги порамниле сметките.

Како што дознава нашата редакција, во кафеаната освен богатиот репертоар на храна, двајцата адвокати испиле и количини на ракија од дуња, слива но и пиво, за кои велат дека е тешко да се измерат.

Адвокатот Митровски (познат и како активист за легализација на канабисот), три години го чекаше ова честење за облог кој го добил во 2016та година. За неисплатениот долг од неговиот колега Пешевски (познат кривичар кој се прослави застапувајќи клиенти во едни од најзначајните случаи во Македонија), Митровски по неколку пати месечно потсетуваше на социјалните мрежи, во исто време, тој за оваа кафеана потсети и во својата редовна колумна во неделникот Фокус.

Дека кафаната ја дал, Пешевски се пофали и на неговиот фејсбук профил.

-Вчера после долго молење (се мери во години) успеав да го довлечкам Janaki Mitrovski до кафана за кладба што ја изгубив. Кафаната беше ЕПСКА, што е нели лесно и да се претпостави со оглед на составот :). Така да другари, засегнати, па дури и некои медиуми (печатени и електронски), да ве известам дека оваа сапуница заврши со HAPPY END!!!– напиша младиот адвокат Драган Пешевски на неговиот фејсбук профил.

Неговиот колега, вели дека чекањето се исплатело. Но, тврди дека долгот не е исплатен, затоа што тие двајца се обложиле да во Македонија а честењето било во соседна Србија.

-Вчера Пешевски​ конечно се реши да не раздужи кафана и не однесе на Александровачко језеро(пред Врање) на од лево кон десно телешки ребра во сос, десно пикантно свинско во сос, и хитот во средина дивеч од срна, зајак и дива свиња.Нормално успат песто мезиња и илјада ракии. Морам да бидам искрен дека се исплатеше тригодишното чекање.
Е сега мал проблем е што Александровачко Језеро е во Србија, а ние се кладевме во Македонија, со Македонец сведок, за македонско законодавство, што значи имаме мал проблем со јурисдикцијата што пак не носи до прашањето…..ДРАГАНЕ КОГА ПЛАНИРАШ ДА СЕ РАЗДОЛЖИШ КАФАНА??!!! – напиша Митровски на неговиот фејсбук профил.