Магазин 03. јуни 2019. / 15:55

(ФОТО) Брендираниот автобус на Вардар тргна да ги земе европските шамиони

(ФОТО) Брендираниот автобус на Вардар тргна да ги земе европските шамиони

Засилено течат подготвките за пречекот на ракометарите на Вардар, кои синоќа се искачија на европскиот трон вторпат во три години, а веќе се знае дека црвено-црните јунаци ќе се возат со специјално брендиран автобус.

На возилото кое има отворен кров, но кое може да се затвори ако времето биде врнежливо, е напишано „Европски шампиони“ под што е излепено колемо лого на РК Варадар. Се очекува ракометарите на Вардар да слетаат во Скопје во 18.50 часот. Нивното доаѓање на плоштадот во Скопје, се очекува да биде после 20 часот.