Магазин 31. март 2020. / 13:52

Финалето од Лигата на шампиони во септември: ФИБА донесе одлука

Финалето од Лигата на шампиони во септември: ФИБА донесе одлука

Лигата на шампиони која веќе четврта сезона ја организира ФИБА ќе заврши во септември и тоа со финален турнир на осумте екипи кои ќе поминат во осмина финалето.

Лигата на шампиони беше стопирана заради пандемијата со корона вирус на половината од месец март во текот на осмина финалните натпревари. Две серии не завршија, и тоа помеѓу Дижон и Нижни Новгорд односно Тенерифе и Остенд. Победниците од тие дуели ќе се пласираат на турнирот на финалните осум екипи, каде веќе се пласираа шест и тоа АЕК, Бургос, Хапоел, Турк Телеком, Нимбурк и Сарагоса.

ФИБА очекува до септември или почетокот на октомври да се нормализира ситуацијата со пандемијата на корона вирусот и да може да се одржи турнирот. Местото на играње и точниот датум дополнително ќе биде објавен.

Со ова ФИБА покажа можеби и модел кој би можело да се воведе во Евролигата и Еврокупот, а исто така со закажување на турнирите за есен ФИБА на некој начин прва покажа кога кошарката повторно би можело да се игра. Проблемот е што во финалниот турнир ќе се игра речиси во следната сезона и што повеќето од тимовите кои ќе се пласираат ќе бидат со потполно различни состави во однос на сезоната која е прекината.