Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи во однапред предвидениот термин, односно на почетокот на септември, имајќи предвид дека ширењето на корона вирусот во Италија забавува, изјави претседателот на регионот Венето, Лука Заја.
Поради застојот во филмската индустрија, наметнат за да се спречи ширењето на Ковид-19, на фестивалот најверојатно ќе учествуваат помалку продуценти – истакна Заја, кој е член на Управниот одбор на Венецијанското биенале.
Во јануари беше објавено дека актерката Кејт Бланшет ќе претседава со жирито на 77. издание на најстариот филмски фестивал во светот.
Филмскиот фестивал во Кан, кој е најголем на светот, беше принуден да ги одложи годинешните случувања овој месец поради епидемијата на корона вирусот.