Светската фудбалска федерација им дозволи на фудбалерите да го одбијат повикот на националната селекција.
Пријателските и официјални натпревари под закрила на ФИФА ќе се играат од 23 до 31 март, додека жените ќе играат од 6 до 15 април.
Заради пандемијата од корона вирусот, фудбалерите ќе може да го одбијат повикот на репрезентацијата и да не му се придружат на националниот тим.
ФИФА во петокот вечерта ја донесе оваа одлука, со оглед дека на сила е забраната за патување во повеќето светски земји.
Дали може да го одбијат повикот на националниот тим, што претходно не беше случај.
Клубовите не се обрзани да го ослободат играчот и ако донесат одлука дека е најдобро по нив одреден фудбалер да остане во карантин, нема да бидат казнувани.
Одлуката ќе биде на сила за време на следните паузи на репрезентациите во машкиот, од 23 до 31 март и во женски фудбал, од 6 до 13 април.
Дополнително, ФИФА предложи сите пријателски натпревари да бидат одложени.