Магазин 30. јули 2020. / 22:05

ФФМ ќе ги обезбеди тестовите за Ковид-19 пред почетокот на сезоната

ФФМ ќе ги обезбеди тестовите за Ковид-19 пред почетокот на сезоната

На седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени неколку одлуки, меѓу кои и одлука тестирањето за Ковид-19 за фудбалерите и стручните штабови на клубовите од Прва МФЛ и Прва ЖМФЛ пред почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 да биде на трошок на Фудбалската федерација на Македонија.

У.О. на ФФМ ги усвои и предлог пропозициите за натпреварување во Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021; календарот за натпреварување во женска конкуренција какои во младите категории за натпреварувачката сезона 2020/2021.

На денешната седница се усвои и листата на делегати за следната натпреварувачката сезона, како и за измени и дополнувања на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери.