Магазин 18. октомври 2019. / 11:07

Фергусон наместил фудбалски меч во Лигата на шампионите?

Фергусон наместил фудбалски меч во Лигата на шампионите?

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон наместил натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус со помош на корумпиран агент и добил часовник Ролекс вреден 30.000 фунти, ова беше слушнато на денешното судско рочиште во Лондон.

Пред неколку години, репортери на Телеграф за да ги откријат матните зделки во фудбалот беа на тајна задача и глумеа бизнисмени кои сакаат да инвестираат во фудбалот. Им беа открини многу тајни, а тогашниот селектор на Англија, Сем Алардајс мораше да поднесе оставка откако се најде спелткан во една неморална зделка.

Како дел од истражувањето, денеска во Лондон се водеше процес против три лица, агентот Џузепе Паљара, неговиот соработник Дакс Прајс и асистент тренерот на Барнсли, Томи Рајт. Сите тројца се обвинети за мито и корупција, а на рочиштето беа обелодени дел од приказните кои Џузепе Паљара им ги раскажал на навинарите.

Тој тврдел дека Сер Алекс Фергусон со негова помош наместил натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус, и за возврат добил часовник Ролекс вреден 30.000 фунти. Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед исто така „лапал“ аванти од трансфери и ставал пари во џеб кога некој фудбалер ќе бил продаден или купен.