Магазин 13. март 2019. / 14:20

Федерер за еден час го „здроби“ Вавринка

Федерер за еден час го „здроби“ Вавринка

Роџер Федерер го продолжува убедливиот настап на Мастерсот во Индијан Велс каде во 1/16 финалето без никакви маки го совлада својот сонародник Стан Вавринка.

Федерер до победата од 2:0 по сетови (6:3, 6:4) стигна за само 61 минута и сосема заслужено си го чекираше билетот за осминафиналната фаза.

Пласман во четвртфиналето легендарниот тенисер ќе бара против Кајл Едмунд кој во третото коло од Мастерсот во Индијан Велс го елиминираше Раду Албот со 2:0 по сетови (6:3, 6:3).