Магазин 28. декември 2020. / 12:26

Федерер нема да настапи на „Австралија Опен“

Федерер нема да настапи на „Австралија Опен“

Роџер Федерер и дефинитивно го откажа настапот на Австралија Опен.

Оваа вест денес ја објави неговиот менаџер, Тони Годик.

– Роџер одлучи да не игра на Австралија Опен 2021, објави Годик.

Федерер има намера да настапи на турнирите кои доаѓаат после Австралија Опен. Неговата цел сега е што подобро да се опорави од повредата.

– Во изминатите два месеци Швајцарецот забележа голем напредок кога во прашање се неговите колена и физичка спремност. После разговорот со тимот заклучи дека за него долгорочно најдобро е да не игра на Австралија Опен, изјави Годик.

Австралија Опен ќе се игра од 8. до 21. февруари.