„Форбс“ ја објави листата на спортистите кои заработиле најмногу во изминатите 12 месеци, а на првото место е Роџер Федерер.
Федерер заработил вкупно 106,3 милиони долари од кои 100 од спонзорски договори, а 6,3 од плата и награди на турнири.
Поради корона вирусот заработката на дел од фудбалерите е намалена, но тоа е само во неколкуте изминати месеци. Сепак имаше влијание во креирање на листата. Роналдо е втор со вкупно 105 милиони долари, од нив 45 од спонзорски договори, а 60 милиони од плати и награди.
Трет на листата со еден милион евра помалку е Лео Меси, тој од спонзорски договори добил 32 милиони долари, а од плата и награди 72 милиони. Нејмар е на четвртото место со 95,5 милиони долари, а во топ пет листата е и Леброн Џејмс со 88,2 милиони долари.
Меѓу десетте спортисти со најголема заработка се и Стеф Кари (74,4), Кевин Дурент (63,9), Тајгер Вудс (62,3), Кирк Казанс (60,5) и Карсон Венц (59,1)