Магазин 24. декември 2020. / 15:01

Фаучи ќе го прослави 80-тиот роденден без неговите ќерки

Фаучи ќе го прослави 80-тиот роденден без неговите ќерки

Директорот на aмериканскиот Национален институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи, денеска изјави дека работи 18 часа на ден, седум дена во неделата.

-Немам ниту еден слободен ден од средината на јануари годинава, изјави Фаучи за Си-ен-ен.

Фаучи денес го слави својот 80-ти роденден, но вели дека ќе ја прекине традицијата и дека нема да го помине со неговите три ќерки.

-Дефинитивно се чувствувам тажно, рече Фаучи.

Тој потенцираше дека ова е првпат да го пројде неговиот роденден без неговите ќерки.

-Ова е прв Божиќ и роденден што нема да ги поминам со моите ќерки откако се родени, изјави тој.