Магазин 30. септември 2019. / 13:56

Европа зафатена од снежни врнежи и студ – следна недела доаѓа кај нас

Европа зафатена од снежни врнежи и студ – следна недела доаѓа кај нас

Следната недела нов студен зимски удар ќе ја зафати Северна и Североисточна Европа и истиот ќе го почувствуваме и ние со позначителен пад на температурите на воздухот како и со северен ветер.

-Невообичаена е појавата зимата толку рано да пристигне во северните и во североисточните предели од Европа и веќе истата условува интензивни снежни врнежи. Снег деновиве наврна и на Европските и на Италијанските алпи каде на некои места снежната покривка веќе иснесува и половина метар. Снег падна и на Словенечките како и на Бугарските планини за време на изминатиот студен бран кој од многу неодамна ја зафати Европа и Балканот, информира Славчо Попоски.

Сепак следната недела нов студен зимски удар ќе ја зафати Северна и Североисточна Европа и истиот ќе се спушти и во делови од Централна Европа.

-Истиот ќе го почувствуваме и ние со позначителен пад на температурите на воздухот како и со северен ветер. Во Северните и во Североисточните предели од Европа повторно очекуваме поинтензивни снежни врнежи а интензивни снежни врнежи се очекуваат и на Алпите.
Да напоменеме дека сето ова е поради постепениот пад на температурите на земјата и значителното намалување на озонската дупка. Сето ова доведува до подолги и многу поостри зими со многу повеќе на врнежи од снег. Ваквите појави и тоа како ни се случуваат, а тоа можат да го приметат и самите граѓани. Ваквата тенденција на падот на температурата на земјата ќе продолжи и понатаму, најавува Попоски.