Магазин 21. март 2019. / 09:46

Еве кој делови од Куманово денес ќе бидат без струја

Еве кој делови од Куманово денес ќе бидат без струја

Без електрична енергија денеска во период од 12:00 до 15:00 часот ќе останат дел од жителите на улицата „100“ во населбата Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Како што додаваат од таму, во период од 09:00 до 12:00 часот прекини во снабдувањето ќе има во дел од селото Тромеѓа.

Утре пак во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Егејска Македонија“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенција во мрежата.