Магазин 01. јануари 2021. / 17:53

Еве кои натпревари ќе ги одигра македонска фудбалска репрезентација во 2021 година

Еве кои натпревари ќе ги одигра македонска фудбалска репрезентација во 2021 година

Македонската фудбалска репрезентација во 2021 година има загарантирани 13 натпревари, сите од официјален карактер, но со оглед на фактот дека сме дел од ЕУРО 2021 извесно е дека бројката на ќе биде поголема.

Во квалификациите за следниот Мундијал во март не очекуваат средби со Романија и Германија на гости, и со Лихтенштајн во Скопје.

Во септември играме две средби дома со Ерменија и Романија, на гости ќе се сретнеме со Исланд. Во октомври ја пречекуваме Романија а му гостуваме на Лихтенштајн, и во ноември и гостуваме на Ерменија а го пречекуваме Исланд.

Секако главното е во јуни, загарантирани имаме три средби на ЕУРО, со Австрија,Украина и Холандија.