Употребата на елката во божикните и новогодишните прослави првпат била документирана во 1510 година во главниот град на Летонија, Рига. За самата церемонија нема многу познати детали, но се знае само дека на крајот на прославата луѓето ја запалиле елката.
Исто така постои слика од Германија, настаната во 1521 година, која прикажува бискуп како јава покрај елка што луѓето ја носат низ градот. Се верува дека бискупот го претставувал свети Никола. Првиот човек кој однел елка дома, според обичаите што денес ги знаеме, бил свештеникот Мартин Лутер. Тој гледајќи низ крошните на дрвјата видел ѕвезди, кои го потсетиле на Исус, па исекол елка и ја однел дома. Во Германија, елките биле украсувани со украси за јадење, како што се шеќерни јаболка и сладок леб. Но, подоцна почнале да прават стаклени украси слични на овие денешните.