Магазин 19. јули 2019. / 18:19

Еве какво време не очекува за викендот

Еве какво време не очекува за викендот

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне претежно во крајните планински региони ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура од 10 до 18, а максималната од 27 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе биде од 16 до 33 степени.

Во недела и понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд.