Магазин 21. јуни 2019. / 16:56

Еве какво време не очекува за викендот

Еве какво време не очекува за викендот

Денеска времето беше сончево, а промени следуваат од наредната недела.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во недела ќе дува повремено засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени.